Шумските пожари ги казнија печуркарите во Малешевијата

Поради шумските пожарите кои беснеева во повеќе делови од Источна Македонија, многу собирачи на печурки нема да има што да собираат.

Со пожарите, уништени се големи површини од шумите, а тоа има влијание и врз екосистемот поради што страдаат и повеќе видови на печурки. Исклучок е смрчакот кој може да вирее на опожарени терени, што во минатото се поврзуваше како причина за подметнување на шумски пожари. Но од ова не се поштедени ниту растенијата. Се проценува дека ќе бидат потребни најмалку 2-3 години за родот на печурки на овие места се нормализира. Ова ќе има силни финансиски последици врз луѓето кои егзистираат или го надополнуваат семејниот буџет од собирање на печурки, лековити билки, шумски плодови и сл.

Гореа дрвја, трева, шуми, така што мицелиумот, делот од печурката се уништува на температура од 30 степени. Во Пехчево и Берово има штети, но во Делчево, луѓето обично собираат печурки на Голак и тој дел е сочуван. Најмалку две години ќе бидат потребни да опоравување“, раскажуваат од фирмата Фунгикорп од Делчево.

Од радовишката компанија РНС Компани чиоја дејност е откуп на печурки, велат дека пожарите се како казна за печурките во регионот на Малешевијата. Тие освен од Радовиш, откупуваат печурки и од регионите на Берово и Пехчево, но се плашат дека родот на печурки нема да биде како порано.

„Штети ќе има и тоа ќе се одрази на повеќе видови на печурки. Вргањот, лисичарката и други видови сега ќе ги нема. Во селата во Малешевијата, многу луѓе собираат печурки и зависат од нив. Минимум две години нема да има печурки. Ќе треба време да се обнови вегетацијата“, додаваат од радовишката РНС Компани.

Поединци егзистираат, а за голем број на луѓе собирањето и продажбта на печурки преставува начин за дополнување на осиромашениот домашен буџет.

„Оние жители кои се невработени, излегуваа и собираа печурки во шумите. Се работи за 50-60 семејства, но сега проблем е што нема да има печурки поради пожарите“, додава Ванчо Пармачки, жител на селото Будинарци.

Изминатите години во Пијанечко-малешевскиот регион имаше добра берба на печурки, и се споменуваше податок за 50 тони печурки на годишно ниво. Печурките од важат за многу квалитетни, поради што тие претходните години завршуваа на пазарите во Италија, Германија и Франција.  Кога печурките имаат екстра квалитет, тие имаат и добра цена. Ланската година беше една од најдобра за период од последните четири децении.  За жал шумските пожари и нанесоа големи штети на Малешевијата и ќе батад потеребни децении на се врати шумата во претходната состојба.

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!