Девет возрасни лица и седум малолетници од Прилеп се лишени од слобода за пустошење на шуми, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
На повеќе локации во место викано Борула вo прилепско на 26.05.2022 е спроведена координирана акција по Оперативно име „Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на ЈП „Национални шуми“ и внатрешна контрола на ЈП „Национални шуми“. При ова акција од слобода се лишени 9 лица И. А.(35), С. А.(58), А. З .(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А. А.(41), Ш. З.(41), П. К (42) сите од Прилеп, како и 7 малолетници.
На лице место пронајденисе и одземени 6 патнички моторни возила, натоварени со дрва.

Покрај тоа биле одземени и 6 моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП „Национални шуми”. По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 „Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ.
Пустошењето на шуми на територијата на Македонија има „епски“ размери и последиците од тоа може да бидат далекусежни и тешко поправливи.
Регионот на прилепско е еден од најпогодените во нашата држава. Таму дрвокрадците се добро организирани и многу дрски, па грубо го напаѓаат секој кој ќе им застане на патот. Колку се дрски во своите криминални активности сведочат и сликите, на кои се гледа дека „бизнисот“ го практикуваат во близина на голем град како Прилеп и сред ден не криејќи се од никого.

Сè уште се свежи сеќавањата на инцидентот кој се случи пред неколку години кога слична група дрвокрадци напдана патрола на МВР која се обидела да ги запре. При тоа припадниците на МВР биле претепани речиси на смрт, и само со голема среќа преживеале, додуша со тешки последици. Не би не изненадило ако при оваа акција е приведен некој од тогашние дрвокрадци, бидејќи судовите се често премногу благи кон нив и со тоа само ги охрабруваат уште пожестоко да продолжат со своите дејствија.
Парадоксално, се добива впечаток дека поголеми изгледи има да биде осуден некој шумочувар или шумски полицаец, отколку некој дрвокрадец. Сето тоа под изговор за непочитување на процедури од страна на службените лица и социјален аспект кај дрвокрадците.
Според организацијата и интензитетот на шумските кражби, може да се добие впечаток дека во одредени региони тие си формирале „паралелни шумски стопанства“.

Иако количината е симболична во однос на она што дневно се изнесува од шумите, ова е успех и позитивен сигнал дека државните органи конечно ќе почнат да се грижат за државното добро – шумите.
Оваа акција е карактеристична по тоа што за разлика од поголемиот дел од акциите за заплена на нелегално посечено дрво кои се со „непознат сторител“, тука има и приведени лица затекнати за време на вршење кривичното дело, што е навистина реткост во борбата со дрвокрадците. Затоа оваа акција може да се оквалифуква како многу успешна, бидејќи многу е поважно дрвокрадците да се отргнат од уништувањетое на шумите, отколку да се запленат дрва исечени од „непознат сторител“ и потоа да се санираат последиците од нивното уништување. Се разбира ако судот не ги ослободи или не го зафрли предметот во некоја фиока.
Може ќе ве интересира: Наместо да ги демотивираат казните ги стимулираат крадците