Дали веќе сте почнале да размислувате да станете еколошки свесни и да почнете да се грижите за природата што ве опкружува? Негрижата може да доведе само до уште полоша ситуација, па затоа е важно да се освестиме и да почнеме да се движиме кон позитивни промени што е можно поскоро.
За жал, има многу од оние кои ги земаат здраво за готово природните ресурси како и шумите. Еве неколку причини зашто ни се важни шумите …
Зашто ни се важни шумите!

- Шумите играат важна улога во спречувањето на пороите. Сливните подрачја покриени со шуми имаат 30-50% пониски водостои од сливовите што не се обраснати со шума.
- Шумата ја спречува ерозијата на почвата.
- Шумата е најдобриот и најевтин филтер за добивање вода за пиење.
- Капацитетот на задржување на водата во почвата под шума се мери со количина од 800-2500 m3 вода на 1 ha површина.
- Светските шуми годишно и даваат на атмосферата 86 милијарди тони кислород и апсорбираат дури 119 милијарди тони јаглерод диоксид.
- Само 4 буки за период од 100 години обезбедуваат кислород на еден човек за 80 години живот.
- Човек може да живее без храна 5 недели, без вода 5 дена и без воздух само 5 минути.
- Улогата на шумите во прочистувањето на загадената атмосфера е поважна од нејзината улога во производството на кислород.
- Високите шуми, со површина од 1 ха, во процесот на фотосинтеза ослободуваат 3 тони кислород и трошат околу 4 тони јаглерод диоксид.
- Буковите шуми, со површина од 1 ха, можат да примат дури 68 тони саѓи и прашина.
- Едно стебло од див костен, старо околу 30 години, може да собере 120 килограми прашина и 80 килограми аеросол годишно.
- 1 ха смрека годишно испушта околу 30 kg материи со бактерицидно дејство во атмосферата, што е доволно за дезинфекција на мал град.
- Шумата ја намалува бучавата, што зависи од видот на шумата, густината, висината на грмушките, нејзиното зеленило и сезоната.
Значењето на шумите за животната средина
- Ослободуваат кислород во процесот на фотосинтеза (1 ха шума троши околу 4 тони CO₂ дневно и ослободува околу 3 тони О₂)
- Апсорбира гасови, седиментна прашина, филтрира цврсти и радиоактивни честички (див костен стар околу 30 години може да собере околу 120 kg прашина и 80 kg аеросол годишно)
- Бактерицидно дејство (шумскиот воздух е богат со есенцијални масла кои ги уништуваат микробите)
- Ја филтрира водата, спречува лизгање на земјиштето и ерозија, ја намалува бучавата, ги ублажува климатските промени, смирува со тишината и изолираноста на амбиентот.
- 1 ха букова шума задржува 500 тони вода.
- Шума на 1 ха произведува околу 800 тони кислород годишно.
- За една година 1 ха зимзелена шума филтрира 30-35 тони прашина, а 1 ха листопадна шума филтрира 50-76 тони прашина.
Додека го читаме ова, секој час повеќе од 600 хектари земја ширум светот ќе станат пустина, најмногу поради уништувањето на шумите. Вкупното количество преостанати прашуми на нашата планета е отприлика колку континенталниот дел на Соединетите Американски Држави, а секоја година површината со големина на државата Флорида се сече и трајно се уништува.
Од ден на ден има се повеќе жители, населени места, индустриски постројки, електрани, топлани, а со тоа и оние чиј интерес е уништувањето на шумите и кои имаат голем економски интерес за тоа.
Со немилосрдното уништување на шумите на сметка на новите населби и патишта, човекот го загрозува опстанокот на сите живи суштества на Земјата.