Шумите и климатските промени

 

Шумите се едни од најзначајните екосистеми на Земјата. Шумите ја имаат можеби најважната улога во борбата со климатските промени. Тие ја имаат природната моќ да ја стабилизираат климата. Тие ги регулираат екосистеми, го чуваат и штитат биодиверзитетот, имаат важна улога во циклусот на кружење на јаглеродот, одржуваат многу човечки заедници низ светот и во себе го кријат успехот за успешен и одржлив развој.

Шумите делуваат на климата на два спротивни начини. Од една страна како решение за климатските промени, а од друга страна како предизвикувач на климатските промени. Околу 25% од светските емисии на јаглерод доаѓаат од сечењето и горењето на шумите и сите шумски продукти, како и од обесшумувањето и уништувањето на шумските екосистеми. Сепак, шумите се едни од најважните решенија во борба со ефектите од климатските промени. Повеќе од една третина од светското количество на јаглерод диоксид е апсорбирано и заробено од шумите.

Затоа е многу важно и потребно драстично намалување на уништувањето на шумските екосистеми и промовирање на нивна реставрација.

Но, со зачувување на шумите не само што ја зголемува шансата за намалувањето на влијанието на климатските промени, туку и помагаме во зачувувањето на биолошката разновидност.

Шумите се дом на над 80% од сите сувоземни видови на живи организми, па затоа со чување на шумите ние се грижиме за речиси целото планетарно видово разнообразие.

Освен тоа, шумите се дом и главен избор за живот за многу култури, народи и популации насекаде на планетата, па така со заучување на кревките шумски екосистеми се грижиме и за иднината на новите генерации.

Шумите преставуваат витален дел од природата на Земјата и на нив мора да се гледа како на комплексен екосистем, полн со живот што може да функционира само доколку остане неповреден, уништен или со многу намалени граници. Не треба и не смее да се гледа на шумите како отворен извор на ресурси, туку како на кревок но важен систем кој може да ни помогне се додека обезбедиме услови за негов правилен и безбеден развој.

Може ќе ве интересира: Што е биодиверзитет и зошто е важен за нас?

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!