Започнато пошумувањето на опожареното подрачје на Осоговските планини

Претседателот на државата, Стево Пендаровски симболично го започна пошумувањето на опожареното подрачје на Осоговските планини.

 

На 01.10.2019 година Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го започна пошумувањето на опожареното подрачје на Осоговските планини. Со симболично засадување на дрвца, започна сезоната на овогодишното пошумување на голините после големиот пожар кој во почетокот на август месец годинава зафати дел од површините под шума во Кочани. На засадувањето домаќин беше градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев, како и директорот на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев, претставници на локалната самоуправа во Кочани, раководителот на ПШС Осогово-Кочани, Благојчо Диванисов. Станува збор за пошумување на вкупно 62 ха со адекватен вид на насад, а ќе се засадува на опожарена површина во пожарот кој избувна на 08.08.2019 година. Во овој пожар кој благодарение на залагањето на гасначите беше ставен под контрола за брзо време, беше опожарена вкупна површина од 248 ха, од кои 62 ха насад од црн и бел бор со старост од 40-50 години и околу 64 ха култивиран насад од багрем на возраст од 10 години.

“150 хектари шума, од кои 30 до 40 години стари борови и многу пчелни семејства беа уништени во трите последователни подметнати пожари во Кочани во август. Штетата е огромна. Шумите се наше богатство кое мора заеднички да го чуваме. Денеска заедно со припадниците на нашата Армија, пожарникарите и локалната самоуправа симболично засадивме 30-тина садници. Верувам дека падините на Осоговските планини, наместо сегашната тажна слика, повторно ќе бидат обоени во зелено.”

Posumuvanje Osogovski planini Pendarovski

Претседателот на РС Македонија, Стево Пендаровски ја потврди својата лична заложба за помош при санирање последиците од пожарите низ целата држава, нагласувајќи ја важноста на шумите за здравата животна средина.

“Ние ќе направиме напори да ги насочиме сите активности кон пошумување на голините кои останаа после катастрофалните пожари кои беснееја на територијата на целата држава. За жал, станува збор за висококвалитетна шума за која ќе треба подолго време да се обнови, но се надеваме дека заедно со другите субјекти во државата ќе ги обновиме шумите во овој и во останатите региони, а особено внимание ќе се обрне на обновување на опожарените површини кај Велешко езеро.”- рече директорот на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!