Успешно санирани опожарените површини околу езерото Младост

Кон крајот на август минатата година пределот околу езерото Младост беше зафатен со голем шумски пожар кој ја уништи шумата околу езерото. Во катастрофалниот шумски пожар изгореа околу 169 хектари борова шума, од вкупно 400 хектари опожарена површина. Но во шумскиот пожар не само што изгоре големото природно богатство на велешани, туку во него изгореа и две викендици, фарма, штала и вулканизер.

И покрај тоа што пожарот се закануваше да предизвика уште поголеми материјални штети врз шумскиот фонд, по имотот на граѓаните и угостителските објекти, благодарение на големите напори на вработените од ЈП „Национални шуми“, ДЗС, противпожарните единици и локалната власт од општина Велес, пожарот беше ставен под контрола и изгаснат. Сепак последиците беа запрепастувачки.

Pozar-Veles-posledici

Веднаш по гаснењето на шумскиот пожар, меѓу првите кои излегоа на лице место беше и генералниот директор на ЈП „Национални шуми“ Зоран Ѓеорѓиев, кој што вети дека санирањето на опожарената површина ќе се изврши во најкус можен рок. Тој лично се заложи целата постапка да се одвива непречено и забрзано, ставајќи ги на располагање сите неопходни ресурси од страна на ЈП „Национални шуми“.

pozar-veles

Како резултат на тоа, тимови од јавното претпријатие кратко после пожарот излегоа на терен, извршија проценка на штетите и ги обезбедија неопходните законски документи за санирање на опожарената површина. Потоа, соодветни тимови на ЈП „Национални шуми“ извршија чистење на теренот од опожарените стебла и подготовка на теренот за пошумување.

Pozar-veles-cistenje

Кон крајот на минатата година со настапување на поволни временски прилики, во масовна акција за пошумување на опожарените површини околу Езеро Младост, беа засадени 13.700 садници од внимателно одбрани дрвни видови. Овие садници ги обезбеди ЈП „Национални шуми“ од својот расадник во Свети Николе. Во акцијата се вклучива и локалното население, невладиниот сектор, голем број видни лица, политичари и фирми од државата.

Posumuvanje Veles

posumuvanje-veles

 

Очигледно кога нешто се работи со љубов, кога се има желба и кога има единство, успехот е загарантиран. При неодамнешниот увид на теренот, констатирано е дека ЈП „Национални шуми“ и сите вклучени во акцијата одлично си ја завршиле работата и акцијата за пошумување на пределот околу езерото Младост е целосно успешно. Процентот на прифаќање е исклучително висок, за што голема заслуга има и високиот квалитет на садниците.

„Успешноста на пошумувањето е голема, бидејќи речиси 100% од младите садниците, засадени на опожарените површини околу езерото Младост се успешно зафатени. Садниците се веќе раззеленети, со добра виталност и добар развој“, е констатирано по увидот на засадените површини.

pozar-veles-obnova

Во овој период, во пошумените делови зголемени активности има локалната власт, која таму монтира хидрантска мрежа, која ќе се користи за наводнување на садниците, но и за превенција од шумски пожари. За таа цел Општина Велес со помош на јавното комунално претпријатие „Дервен“ веќе започна и со монтирање на хидрантска мрежа на пет локации околу Езерото. Општина Велес поактивно се вклучува во грижата за садниците, која со поставувањето на оваа мрежа сака да им овозможи на садниците да го издржат првиот налет на високите летни температури.

Со тоа генералниот директор на ЈП „Национални шуми“ Зоран Ѓорѓиев си остана на својот збор. Велешани повторно ќе имаат пријатно катче за рекреација и престој во природа. Овој пат нивната шума ќе биде поубава и побогата со дрвни видови. Останува Општината Велес поинтензивно да се вклучи во заштитата и негата на садниците, а граѓаните да се грижат и да го чуваат ова нивно природно богатство. Ова било и ќе биде катче на велешани каде ќе минуваат пријатни моменти и ќе создаваат убави спомени за нив и нивните деца, а веруваме дека ЈП „Национални шуми“ секогаш ќе биде тука кога ќе им биде потребно тоа.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!