Топографската карта ги отвара вратите на природата

 

Пиродата е прекрасна. Крајбрежје или внатрешност, планина или шума, степа или песочна дина, зимзелена или листопадна шума, секое има свој шарм и привлечност. Природата е полна со богатства. Птици и животни, цвеќиња, дрва и билки во милиони бои.

Мирни и диви води. Планини кои нудат прекрасни предели, магични езера, сребрен снег, создадени само за фотографирање. Тишината, играта на ветерот, музиката на капките дожд и сјајот на топлото сонце ве внесуваат во своите димензии.

 

Добре дојдовте во прекрасната природа

За многумина од нас природата е извор на освежување, задоволства и рекреација. Клучот за осознавање на природата се компасот и картата. Овие алатки ја отвараат вратата на нови простори за истражување: води за пловидба со карпи и плитки места, нови простори за лов и риболов, а на крај да го спомнеме и прекрасниот и авантуристички спорт- ориентацијата.

Картата е како магија, ги отвара вратите на природата. Компасот е единствен, извонреден, инструмент кој со сигурност го покажува патот. Со карта и компас стекнуваш сигурност и смело влегуваш во авантури.

 

КАРТА поедноставен приказ

Картата претставува поедноставен приказ на површината на земјата гледано одозгора во значително намалена големина. Точно колку е картата намалена во големина зависи од размерот што секогаш е претставен на картата.

Во нашето секојдневие наидуваме на секакви видови карти. Тие се разликуваат по боите, знаците и симболите. Како и да е, тие се базираат на една идеја – да дадат упростен изглед на земјината површина гледана одозгора и редуцирана во големина. Два вида на карти се претставени подолу:

Karti
Авто карта Топографска карта

 

„Авто карта“ и „топографска“ се примероци од карти кои најчесто се произведуваат во повеќето земји.

Картите варираат и по квалитет. Некои се шематски и генерализирани, додека други се многу прецизни (точни) и полни со детали. Подолу се претставени две карти на иста област но со различен размер. Во погорната карта претставената област е намалена 50.000 пати а на картата подолу за 10.000 пати.

Karta razmer

Размерот 1:10.000 означува дека областа (земјиштето) е намалено за 10.000 mm на карта. Се е 10.000 помало.

Употребувајќи го размерот 1:10.000, 1 mm на картата одговара на 10.000 mm во природа, односно тоа е еднакво на 10м во природа (10.000 mm = 10 метри).

 

1:10 000

Едноставно правило, одземете ги последните три нули од размерот како во примерот rope и тогаш 1 mm на карта ќе одговара со 10 m во природата.

Далеку помалку детали можат да бидат бележани на карта со размер 1:50.000 отколку на онаа со размер 1:10.000. Следната табела покажува колку метри на земјата одговараат со секој милиметар на картата употребувајќи различен размер.

На пример 50 mm на карта со размер 1:10.000 одговараат со 500 m во реалноста додека на карта со размер 1:20000, 50 mm би претставувале 1.000 метри.

Tabela razmer

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!