Фатени дрвокрадци на Караорман

 

Во реонот на струшко фатени 12 дрвокрадци на планината Караорман, товарале камиони со дрва без документ, Шумската полиција појачана со ЕБР веднаш ги привела

 

Регионот на струшко важи како за еден од најпогодените од нелегални сечи. Поради ригорозните казни за уништување на шуми во Албанија и послабата контрола на територија на нашата држава, често дрвокрадци од Албанија преминуваат на наша територија и тука ги пустошат шумите.

Како дел од напорите да и се стави крај на оваа девијантна појава, институциите задолжени за сузбивање на овој вид криминал изведова успешна заедничка акција, при што фатени на дело се 12 дрвокрадци на планината Караорман.

На 25.06.2022 година, во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда, преземени се координирани мерки од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумска полиција и ЈП,,Национални шуми“ при што лишени од слобода се 12 лица на возраст од 23 до 49 години, од кои од кои осум албански и четири државјани на Македонија.

Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на лице место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири.

Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!