ЕУ Бара Порешителни Мерки Против Уништувањето на Шумите

Во рамките не ЕУ се повеќе расте загриженоста за уништувањето на шумите. Поради тоа, државите членки на ЕУ апелираат до Европската Комисија да предложи конкретни мерки за борба против уништувањето на шумите, што ќе биде имплементирано како дел од новиот европски Зелен пакт.

Барањето на сите 28 држави членки на ЕУ е усвоено едногласно, тие изразуваат “длабока загриженост“ за недостатокот на конкретни политички мерки за спречување на дефорестацијата и бараат од Европската Комисија итно да се координира со земјите на ЕУ, индустријата, граѓанското општество и земјите партнери на ЕУ во рамките на Зелениот пакт на ЕУ.

Членките на ЕУ препорачуваат во иднина во сите трговски партнерства со трети земји да бидат вклучени специфични услови за одржливо управување со шумите, како и одржливи земјоделски производи кои не предизвикуваат уништување на шумите. ЕУ државите сметаат дека политиките на финансирање треба да бидат пренасочени кон одржлива употреба на почвата и истакнуваат дека треба да се издвојат доволно средства за заштита и ресторација на шумите во светот.

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!