Зимски одмор: Планинска убавина на само еден час од Скопје

Китка — планина во Македонија, која се наоѓа југоисточно од градот
Скопје. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и
претставува негова североисточна гранка.
На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница.
Највисок врв е врвот Лисец со 1.588 метри надморска височина, а на билото се
истакнува и врвот Красна со 1.565 метри надморска височина и препознатливи
карпести облици.
Билото на планината Китка претставува вододелница на долините на Маркова
и Кадина Река. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја
(бука, даб, јасика) како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија,
поради што е многу раширена дивата сеча на дрва која немилосрдно ја пустоши
шумата.

 

На планината се обележани повеќе планинарски патеки кои се дел од
трансферзалата „Македон“ која оди кон Солунска Глава, а постојат и
возобновениот планинарски дом „Китка“ како и туристичката викенд населба „Мала
Река“. На нејзината северозападна падина е расположена областа Торбешија.

 

Одлично место да поминете квалитетно време за зимскиот одмор и
празниците со вашите блиски. Планинско доживување кое ќе ја истакне вашата
авантуристичка и истражувачка страна но во исто време ќе ве смири со својата
дивина и тишина. Бидете во хармонија со природата и уживајте во погледот што го
нуди овој рај.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!