Оваа година се очекуваат рекордни цени на огревното дрво

 

Драстично поскапена цената на огревното дрво и пелетите ги натера граѓаните исплашени од поскапувањето на струјата да ги враќаат шпоретите на дрва. Граѓаните плаќаат предвреме, плашејки се дека подоцна, цените на огревното дрво ќе се уште повисоки.

Граѓаните кои што се решија да се греат на дрва, поради се поскапата цена на електрична енергија, оваа година веројатно ќе имаат сериозни проблеми легално да се снабдат со огревно дрво. Не само што новите цените на огревнот дрво се повисоки од лани во овој преиод, туку и складиштата се празнат се побрзо.

 

Гарантирана цена од Владата за огревно дрво само на хартија

Во главниот град ЈП „Национални шуми“ оваа година реши речиси целото огревно дрво да го продава на шумски склад, на пенушка или покрај пенушка, поради што нивните складови во Драчево, Петровец и Бит пазар најверојатно ќе останат празни. Тоа може да создаде голем недостаток на пазарот со огревно дрво, поради што неговата цена оваа година може да се очекуваат рекордни високи цени на огревното дрво.

Залудно Владата гарантира цена на огревното дрво во ЈП „Национални шуми“ од околу 2.350 денари метар просторен за бука и околу 2.450 денари метар просторен за даб, кога него во скопските плацови од ова јавно претпријатие го нема.

Sklad za drva

Складовите на ЈП „Национални шуми“ во Скопје празни

 

Во моментов, цената на буката во приватните складишта во Скопје веќе изнесува околу 3.800 денари, додека пак дабот достига вредност и до 4.600 денари.

Ако се погледне Ценовникот на ЈП „Национални шуми“ објавен на нивниот веб сајт, може да се види дека огревно дрво од бука се продава:

  • на пенушка по цена од 1.770 ден/м3 (1.328 ден/мпр),
  • покрај пенушка 1.870 ден/м3 (1.403 ден/мпр),
  • на шумски склад 2.320 ден/м3 (1.740 ден/мпр) и
  • на склад 2.870 дем/м3 (2.153 ден/мпр).

* – цените во заграда се математички претворени метрите кубни во метри просторни со фактор на корекција 0,7

Ако се има во предвид дека приватните складовите го купуваат огревното дрво од ЈП „Национални шуми“ во некој од првите три начини на продажба, тогаш може да се види дека цената по која го продаваат во приватните складови е со исклучително голема разлика и со рекордни високи цени на огревното дрво.

Таа разлика можеда биде и поголема, бидејќи понекогаш од разни причини дрвото се декласира и потоа се продава со пониски цени од наведените. Никој не води контрола дали истото тоа дрво потоа се продава како огревно дрво од 1-ва или 2-ра класа.

Се наметнува прашањето, дали вештачки се создава криза со огревно дрво, за некој да остварува екстра профит со исклучително високата цена на дрвото?

Вака изгледа дека од владината загарантирана цена на огревното дрво полза имаат само трговците со огревно дрво и приватните складови, бидејќи жителите од Скопје речиси е невозможно да се снабдат со огревно дрво по таа цена.

Може ќе ве интересира: КОД: Дрва нема, а дрвокрадците заработуваат помеѓу 10 и 15 милиони евра годишно

 

Трошоците за производство зголемени

Сопствениците на складиштата за огревно дрво, велат, за новата цена има повеќе причини, a очекуваат истата и да се зголеми. Според нив огревното дрво покачени е поради растот на цените на нафтата и платите на работниците. За се е потребна нафта. И сечење и носење работници и транспорт на дрвата, секоја работна активност со дрва е во во зафисност од нафтата. Минатата година за 1.000 денари нафта за точело 20 литри нафта, а сега не е така.

Веќе се чувствува недостаток од работници, бидејќи се помалку луѓе се нафаќаат да работат во мизерни и слабо платени услови во шумарстото, поради што многумина заминуваат во странство каде значително повеќе се плаќа трудот.

Работната рака е поскапа за 100% од минатата година, кога се плаќало по 100 денари за кубик, а сега 200 денари. Според порачките, во приватните складови се е платено однапред. Луѓето имаат страв од нови покачувања, па даваат пари однапред.

 

Дали ЈП „Национални шуми“ ќе ги изневери граѓаните на Скопје?

Граѓаните веќе реагираат дека огревното дрво е прескапо за нивниот стандард и не знаат како ќе се снајдат. Оваа година ЈП „Национални шуми“ сеуште не потпишува Договори за продажба на дрва со физички лица, што создаде криза на пазарот со огревно дрво во Скопје од која штета ќе имаат граѓаните. Оваа година најверојатно ЈП „Национални шуи“ во Скопје на физички лица нема да продаде ниту еден кубик дрва, со исклучок на нешто малку запленето.

За споредба, до пред 20-ина години според кажувања на постари вработени, произведувале и ги снабдувале жителите на главниот град и со преку 50.000 метри кубни.

Sklad za drva

Склад за огревно дрво во Скопје пред 10-ина години

 

Забрана за извоз на огревно дрво во БиХ и Србија

Состојбата дополнително се искомплицира со забараната за извоз на огевно дрва од Босна и Херцеговина, како и на соседна Србија, што напрви голем број од складиштата кои увезуваат да останат празни. До минатата година приватните складишта се снабдуваа со огревно дрво од тие држави, бидејќи ЈП „Национални шуми“ со години наназад има се полоша реализација и не успева да го оствари планираното производство на огревно дрво.

Поради тоа огревното дрво и пелетите не само што се поскапи, туку е тешко и да се најдат. Граѓаните се сериозно загрижени дека оваа година може да се очекуваат рекордни цени на огревното дрво.

 

Нелегалниот бизнис со огревно дрво недопорлив за законот

Ваквата криза со огревно дрво предизвикува да се зголеми обемот на нелеагни сечи, особено во планините околу поголемите градови во Македонија. Се проценува дека дневно само во околината на главниот град нелегално се сечат и продаваат по околу 300 метри кубни огревно дрво. Судејќи според рекордно високите пазарни цени на огревното дрво, во следниот период може да се очекува дека обемот на нелегални сечи драстично ќе се зголеми.

Drvokradci Prilep

За жал МВР и шумската полиција како да не постојат, односно се добова впечаток дека не превзема доволно мерки да му застанат на пат на овој вид криминал. Можеби причината за тоа е што многу пари се прават од овој нелегален бизнис, а платите на МВР, Шумските полицајци и шумочуварите се ниски. За споредба, плата на шумочувар е околу 18.000 денари или околу 4 метри огревно дабово дрво во приватен склад.

Покрај тоа се чини и дека судовите се премногу благи кон учесниците во криминалот со огревни дрва. За споредба, Косово и Албанија многу се поажурни и поригорозни со предмети поврзани со нелегална трговија со огревно дрво, па таму и за 1 метар кубен по кратка постапка може да се добијат повеќе годишни затворски казни.

Значи не е прашање е дали се може, туку дали државните институции и Владата сакаат да направат ред и овозможат спроведување на законот во шумарството.

Ако институциите и Владата не овозможат спроведување на законот, се повеќе ќе се зголемува криминалот со шумите, цените на огревното дрво ќе рушат рекорди, а корупцијата ќе го разјадува системот. Сите среќни и весели освен граѓаните кои ќе го бидат приморани да плаќаат безобразно високи цени за огревно дрво.

 

Може ќе ве интересира: Државата на удар на шумската мафија

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!