Кривична за вработен во „Национални шуми“ кој предизвикал штета од 15 750 денари

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ј. (60) од селото Белчишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Пријавениот, во својство на службено лице во ЈП „Национални шуми” – подружница ШПС „Галичица” – Охрид, изготвил испратница со лажни податоци за превоз на 2,8 метри кубни огревно дрво, иако знаел дека биле натоварени 6,3 метри кубни огревно дрво.

Со тоа, му овозможил на Д.Л., противправно да присвои за себе 3,5 метри кубни дабово огревно дрво, а на правното лице во кое е вработен, предизвикал материјална штета во износ од 15.750 денари – информираат од СВР Охрид.

 

Извор: tvmohrid.com

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!