Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото
тримесечје од 2017 година е за 7,7 отсто поголемо во споредба со истиот период
од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на
шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото
дрво од иглолисни видови, огревното дрво од иглолисни и листопадните видови и
друго грубо обработено дрво, цепеници, дрвени столбови и колци.
Намалување има кај рудничкото дрво од листопадни видови, другото заоблено
дрво од иглолисни и листопадни видови и просторното дрво од иглолисни видови.
Извор: /a1on.mk/

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!