Работен состанок на министерот Љупчо Николовски со вработените во шумската полиција

Зајакувањето на Шумската полиција, е важно заради спроведување на контролите со дивата сеча во шумите и крајно заради зачувување на природните ресурси.

Денеска министерот Љупчо Николовски, имаше работен состанок со вработените во Шумската полиција, на кој што ги информираше за мерките кои што Владата, ги презема за подобрување на статусот на вработените во Шумската полиција, но и ги разгледаа сите отворени прашања.

Клучната мерка е усвојувањето на Информацијата за потпишување на Колективен договор, со кој вработените ќе се стекнат со право на работа во смени, ноќна работа и државни празници, додаток за опасна работа, како и отпочнување на постапка за стекнување право на бенефициран стаж.

Дополнително, министерот Николовски, потенцираше дека се работи и на обезбедување на нова опрема и комјутери за вработените, се со цел ефикасно функционирање на Шумската полиција.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!