Политиката ги уништува шумите

 

Огромните шумски ресурси на Македонија се уништуваат поради политички интерес и недостиг од свест за нивна заштита, оценија амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во Македонија на завчерашната дебата „Заштита на природата преку стопанисување со шумите“, организирана од Европското движење.

Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, вели дека возел низ поголем дел од шумите и планинските области со велосипед, при што бил изненаден како околу патиштата и во близината на населените места каде што има шуми наишол на ѓубре и дива сеча.

– Граѓаните на Македонија се експерти за чување на овие убавини во тајност… Мора да се најде решение за почитување на законот, но само почитувањето на законот не е решение. Ми се чини дека овде сѐ е исполитизирано, во еден регион имам слушнато дека никој не ги попречува оние луѓе што незаконски сечат шуми само затоа што се плашат дека ќе ги загубат изборите. Ова е чисто катастрофален пристап, бидејќи изборите се важни, но уште поважно е како да се заштитат тие шуми – изјави тој.

И амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, го потенцира проблемот.

– Постојат административни предизвици за да се осигуриме дека има капацитет за управување со шумите… Секако дека има важни дискусии што треба да се направат со заедниците што живеат во и надвор од шумите. Важно е да се разговара за да се обезбеди одржливост на шумите, но и егзистенција на оние околу нив – рече Гир.

 

Извор: novamakedonija.com.mk

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!