Јабланица – нов национален парк? – повеќе од потреба!

 

Природното
богатство на Република Македонија во годините наназад било и институционално
дефинирано, преку прогласување на заштитени зони, објекти и сл.
Денес, покрај
трите национални паркови – Маврово, Галичица и Пелистер, и други предели во
државата со своите природни убавини и богатство од флора и фауна, испреплетена
со најразлични геоморфолошки форми, отвораат можности за прогласување на нови
заштитени подрачја. Шар Планина, Јакупица, Осогово, Малешевијата, Мариово, …
но, и планината Јабланица.
Забрзаниот
процес на деградација на животната средина и уништувањето на природното
богатство, ги натера екологистите да излезат со предлог: Планината Јабланица да
се прогласи за нов национален парк. Само на тој начин државата ќе може да ги
заштити ретките природни богатства од неконтролираното искористување и
уништување.
Пустошењето и
сечењето на шумата, што е законски надозволиво, е закана од ерозија на
земјиштето на планината, а  тоа е аргумент плус, зошто државата треба да
поведе грижа и да стави крај на ваквата анархија.
За таа цел,
екологистите за да можат да ја изреализираат својата замисла, за прогласување
на планината за национален парк и негова трајна заштита, формираа иницијативен
одбор.
Познато е
дека Јабланица ја делат двете соседни држави и од албанската страна
Националниот Парк ”Шебеник” – Јабланица има голема посетеност, па доколку, и од
нашата страна Јабланица биде прогласена за национален парк, туристите ќе можат
да уживаат во убавините со кои изобилува.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!