Африка го реализира проектот наречен „Зелен ѕид“, шумско пространство кое ќе го чинат неколку милиони дрвја. Целта на властите е да отворат нови работни места и да го спречат исчезнувањето на шумите и растенијата.
Зелениот ѕид ќе се простира низ цела Африка, од Сенегал на запад, до Еритреја и Сомалија на исток. Ѕидот ќе биде широк 15 километри, а луѓето кои работат на овој проект на шега велат дека го креираат најголемото живо суштество во светот.
Проектот започна во 2007 година, а досега Сенегал има најголем напредок во оваа област. Тие веќе засадија 11 милиони дрвја и додаваат околу 2 милиони годишно. Сенегал тоа го чинеше околу 2 милијарди долари, а резултатите се веќе видливи.
Погледнете во продолжение.