ЈП „Национални шуми“ во борба против корона вирусот

Здравјето на вработените и граѓаните e врвен приоритет на ЈП „Национални шуми“. Поради тоа, претпријатието ги вклучи своите капацитети во напорите на локалната и централната власт за контрола и сузбивање на корона вирусот.

 

Јавното прептријатие „Национални шуми“ беше едно од првите претпријатије во С. Македонија која беше погодена од корона вирусот. Кон средината на март неколку вработени се покажаа како позитивни на корона вирусот. По првичниот шок, претпријатието превзема низа мерки за спречување на ширењето на вирусот помеѓу вработените. Овие мерки се покажаа како исклучително успешни и делотворни, бидејќи се спречи ширењето на вирусот и веќе подолг период нема нови случаи на заболени од овој вирус помеѓу вработените во Јавното претпријатие.

По успешното спречување на ширење на корона вирусот помеѓу вработените, Јавното претпријатие „Национални шуми“ и покрај потешкотиите со кои се соочува поради новонастаната ситуација во државата, собра сили активно да се вклучи во напорите за контрола и сузбивање на корона вирусот и во општините. Откако зврши дезинфекција на сите управни згради и објекти, складови, работилници у други капацитети во сите подружници на ЈП „Национални шуми“, претпријатието започна со дезинфекција на површините и возилата во градовите низ државата.

ЈП „Национални шуми“ најпрвин на помош и излезе на општина Кавадарци и жителите од таа општина. Во моментите кога се дозна за присуството на коронавирусот во Кавадарци, по барање и по насоки на локалната самоуправа на општина Кавадарци, две возила на ЈП „Национални шуми“ неколку дена беа вклучени во превентивно делување–аеродезинфекција по улиците во Кавадарци за спречување на понатамошно ширење на пандемијата COVID-19.

Nacionalni sumi dezinfekcija

Станува збор на специјални возила за прва интервенција при заштита на шумите од пожари кои се покажаа одлично и за оваа намена. Истите возила покрај аеродезинфекција на улиците, беа употребени и на влезот во Кавадарци за дезинфекција на сите возила кои влегувале во градот.

Nacionalni sumi dezinfekcija

Вакви возила на барање на општините биле вклучени и во спроведување мерки за зашита од корона вирусот и во Берово и Гевгелија.

Со ова ЈП „Национални шуми“ се потврдува како претпријатие кое е од голема општествена полза и се наметнува како едно од поистакнатите претпријатија во државата во борбата против корона вирусот. Со ваквите свои активности тоа докажува дека не се грижи само за здравјето на вработените, туку дека тоа се грижи и за здравјето на граѓаните. Ваквите постапки заслужуваат искрени пофални и благодарност од сите нас.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!