Смрекова рујница (Lactarius deterrimus)

Смрековата рујница (Lactarius deterrimus Gröger) е јадлива печурка од семејството Russulaceae. Името на родот Lactarius доаѓа од латинскиот збор lac (млеко), поради млечниот сок што го лачат печурките кога се сечат или оштетуваат. Името на видот deterrimus значи лоша, мала вредност.

Шапка: во најраната младост конвексно вдлабната, а пред крај со подигнат раб, отпрвин портокалова и набрзо зеленикаво дамчеста или поретко концентрично зеленикава, по влажно време лигава, под старост на средина избледува, работ останува до крај портокалово обоен; нараснува широка 3-10 см.

Ливчиња: прилично густи, прираснати или благо се спуштаат низ дршката, портокаловоокер како и шапката, набргу стануваат зеленикаво дамчести.

Дршка: валчеста, сунѓересто шуплива, нараснува висока 3 -7 см, а дебела 0,5 – 2,5 см.

Месо: ронливо, бледо жолтеникаво, под кожичката на шапката портокалово црвеникаво, за десетина минути станува темноцрвено, мирис пријатен и силен, вкус добар.

Спори: тркалезно елиптични, брадавичести, 7,5-10 х 6-7,5 см, споровиот прашец е светлоокер.

Месторастење: расте кон крајот на летото и на есен, поединечно, исклучиво под смреки (Picea excelsa).

Употребливост: јадлива, со извонреден квалитет.

 

Напомена: Смрсковата рујница е мошне слична со обичната рујница (Lactarius deliciosus), co полукрвната рујница (Lactarius semisanguifluus) и co видот Lactarius salmonicolor, кој расте под ели. Нема сомневање дека смрековата рујница е само една варијација на обичната рујница. Потребно е само да се обрне внимание на портокаловото млеко што го испушта на пресекот и тогаш с исклучена секоја можност од замена со нејадливи габи.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!