Работна средба со делегација од Република Црна Гора

ЈП „Национални шуми“ има позитивно искуство од меѓународната соработка со разни владини институции и невладини организации. Поради тоа, јакнењето на капацитетите преку продлабочувањето на меѓународната соработка се високо на агендата на ова јавно претпријатие.

За таа цел, во просториите на ЈП”Национални шуми” се реализира работна средба помеѓу Директорката г-ѓа Јулиана Николова и Заменикот директор D-r Berat Dehar со делегацијата од Република Црна Гора во чиј состав беше присутен Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Александар Стијовиќ и Државната секретарка г-ѓа Николина Мишниќ.

На состанокот е разговарано за интензивирање на соработката и техничкото унапредување на системот за заштита на шумата од шумски пожари, каде Република С. Македонија како домаќин на секторот за вонредни ситуации работи на воспоставување центар за делување во кризни ситуации. Воспоставувањето соработка со цел дополнување на комплементарниот систем би било од големо значење, за да се обезбеди усогласено делување во случај на појава на шумски пожари од поголеми размери.

Во таа смисла е разговарано и за формирање на заеднички центри за обука за поефикасно справување со овој вид на природни непогоди, кои се која година нанесуваат штети на шумскиот фонд во двете држави.

Исто така, на состанокот е разменето мислење за пласирање на производите на режана граѓа на четинари и дрвена столарија и дрвени куќи.

Во блиска иднина е планирано потпишување на Меморандум за заедничка соработка, со што би се зајакнала и продлабочила меѓусебната соработка на ЈП „Национални шуми“ со соодветните институции од Република Црна Гора.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!