Професорите садат

Продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје.

На 13.02.2025 година се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови дрвја и грмушки од северната земјина хемисфера. На настанот присуствуваа наставниот и соработничкиот кадар на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и засадија дузина садници од девет различни видови.

„Горди сме на честа постојано да го збогатуваме дендрофондот на оваа наша разновидна колекција на живи дрвенести растенија. Овој дендропарк според многу нешта е единствен во нашата држава и претставува една од најбогатите живи збирки во регионот“, истакна деканот на Факултетот на вчерашната свеченост заблагодарувајќи му се на градинарскиот и оперативен центар „Фоја КО“ за континуираната поддршка и долгогодишната соработка.

„Го изразуваме нашето искрено задоволство што имаме можност да помогнеме во збогатување на дендрофлората за наставно-образовни и научноистражувачки цели. Оваа година засадивме типични шумски примероци и дрвја и грмушки кои се користат за градско озеленување. Дендропаркот со право се нарекува глобална урбана шума“, нагласи сопственикот на „Фоја КО“ со нескриена радост на третиот по ред настан „Професорите садат“.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!