Од петок забрана за движење во шума од 6 до 20 часот

Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот, која ќе почне да важи од утре (17 април) и ќе трае до нејзиното отповикување.

Оваа забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите кои вршат одгледно-заштитни активности во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Исто така, се известуваат сите граѓани дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми”, Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!