Уништувањето на шумите во нашата држава не стивнува, но во исто време надлежните органи превземаат решителни мерки за сузбивање на ова богатење на поедници на сметка на природата. при тоа неретко полициските службеници во своите напори за спречување на овој вид криминал се соочуваат и со сериозни опасности за своите животи, како што е примерот од последниот немил настан во прилепско.
Имено, вчера околу 19 часот на регионалниот патен правец Прилеп-Битола полициска патрола забележале патничко возило марка „Опел Омега“ со велешки регистарски ознаки натоварено со огревно дрво. При обидот да го запрат и извршат контрола врз возилото, возачот наеднаш ја зголемил брзината при што обидувајќи се да ги прегази полициски службеници повредил двајца од нив.
Полицајците успеале да ги алармиларат своите колеги, после што набрзо возилото било откриено и запрено од друга полициска патрола. Тие на лице место констатирале дека возилото е иправувано од Б.Ј. (30) од Прилеп, после што бил приведен во Полициската станица Прилеп.
Повредените полицајци не се во животна опасност, но поради сериозноста на повредите двајцата полициски службеници биле пренесени во Општата болница во Прилеп.
После немилиот настан и обид за убиство на полициските службеници, увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. На Б.Ј. му била изречена мерка притвор од страна на Јавен обвинител.
Останува судските органи да бидат на ниво на задачата и преку соодветни санкции да делуваат превентивно и дестимулирачки за сите поединци и организирани структури кои на сметка на уништувањето на нашите шуми стекнуваат лично богатсво.