Научниците создадоа супердрво кое е цврсто како челик

Најновиот материјал од иднината е направен од сосема традиционален
ресурс. Супердрво кое е цврсто како челик и шест пати полесно од челикот
веројатно ќе биде одржливиот градежен материјал на иднината, велат научниците.
Научниците дрвото го споредуваат со карбонски влакна, а ќе може да се користи
за да се прави се – од згради и автомобили до јакни кои не ги пробива куршум.
Дрвото досега е тестирано со балистички тестови и се покажа дека
ламинираната верзија е толку цврста што може да спречи и проектил. Дрвото го
создадоа научници од Универзитетот Мериленд со вриење обично дрво во воден
раствор кој содржи хемикалии како натриум хидроксид и натриум сулфат. Со овој
процес се отстрануваат органските состојки од дрвото кои му ја даваат
структурата и цврстината и се прави поеластично.

 

Процесот е сличен на првите фази од обработката на дрвото за добивање
хартија. Потоа тимот научници го пресувал дрвото меѓу две метални плочи
загреани на 100°C на 50 пати поголем притисок од атмосферскиот.  Така се
отстрануваат просторите меѓу клетките и се набиваат. Притисокот, пак, креира
хемиска врска меѓи атомите од кои е составена клеточната структура на дрвото.
Крајниот производ е дрво чија големина е пет пати помала од оригиналната и има
300% поголема густина.
„Овој начин на третирање на дрвото овозможува тоа да стане 12 пати појако
и 10 пати потешко. Ваквиот материјал може да биде конкурент на челикот или дури
и на легурите од титаниум, а може да се споредува и со јаглеродните
влакна,  но многу е поефтин. Може да се користи за автомобили, авиони,
згради – односно секаде каде традиционално се користи челикот“ вели Hu.
Истражувањето е објавено во часописот  „Nature“.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!