Денеска е ден на шумите кој се одбележува со мото „Шумите и одржливи градови“

Денеска е ден на шумите кој се одбележува со мото „Шумите и одржливи градови“
На 21 март го одбележуваме меѓународниот ден на шумите. Оваа глобално
одбележување на шумите овозможува платформа за подигање на свеста кај луѓето за
значењето на сите видови шуми и дрвја, како и оддавање на значење на
одржливоста и нивната заштитна финкција кон нас.
Идејата за одбележување на Светскиот ден на шумите, настанала на
седница на Генералното собрание на Европската земјоделска конфедерација во 1971
година, кога е одлучено тоа да биде 21. март, како ден на есенска рамноденица
на јужната односно пролетната на северната хемисфера. Оваа идеја подоцна е
поддржана и од ФАО, со цел да се потенцира зголемувањето на свеста за
потребата од зачувувањето на шумите и шумските екосистеми.
Бидејќи шумите и урбаното зеленило се значајни фактори за квалитетен
живот во урбаните заедници, оваа година тема на денот е „Шумите за одржливи
градови“. Со тоа се сака да се укаже дека во и надвор од градовите заштитата на
шумите треба да е приоритет.

 

Главни пораки од овогидошното одбележување на денот на шумите се:
·       Шумите и дрвјата го складираат јаглеродот, што
помага во и околу урбаните области да се ублажат влијанието на климатските
промени.
·       Дрвјата, исто така, ја подобруваат локалната микроклима,
помагајќи да се заштеди енергијата што се користи за греење за 20-50 проценти.
·       Садењето на дрвјата во урбаните области може да
го олади воздухот до 8 степени целзиусови, со што ќе се намалат потребите за
климатизација за 30 проценти.
·       Урбаните дрвја се одлични филтри за воздух, бидејќи
го прочистуваат загадемниот воздух и ги отстрануваат штетните фини честички од
воздухот.
·       Дрвјата ја намалуваат бучавата, со што ги штитат
домовите од околните патишта и индустриските области.
·       Локалното население и животните ги користат
плодовите, оревите, лисјата и инсектите во урбаните дрвја за да произведат
храна и лекови за употреба во домот, или како извор на приход.
·       Огевното дрво кое потекнува од урбани дрвја и
засадени шуми на периферијата на градовите обезбедува обновлива енергија за
готвење и греење, со што се намалуваат притисоците врз природните шуми и нашата
зависност од фосилни горива.
·       Шумите во и околу урбаните области помагаат за
филтрирање и регулирање на нивото на водите, придонесувајќи за квалитетни
слатководни резерви за стотици милиони луѓе. Шумите, исто така, ги штитат сливовите
на водотеците и ги спречуваат поплавите бидејќи ја чуваат вода во нивните
гранки и почва.
·       Добро управуваните шуми и дрвја во и околу градовите
обезбедуваат живеалишта, храна и заштита за многу растенија и животни,
помагајќи да се задржи и да се зголеми биолошката разновидност.
·       Шумите во градовите и околината создаваат
туризам, создаваат десетици илјади работни места и ги разубавуваат градовите, тие
градат динамични, енергетски и просперитетни зелени економии.
·       Урбаните зелени површини, вклучувајќи ги и
шумите, поттикнуваат активен и здрав начин на живот, го подобрува менталното
здравје, штитат од болести и обезбедуваат место за социјализација на луѓето.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!