Словенија прогласена за најчиста земја на светот!

Во балканскиот регион, на екс-ју просторите, се наоѓа најчистата земја на светот,
со индекс од 96/100 за одржливост, екологија и природни резерви
Обединетите
нации, 2017-та година ја прогласиле за „Меѓународна година за одржување на
развојот на туризмот“. Земјата која добила најмногу поени во сите категории, а
со тоа добила и титула како победник е Словенија.
Како
критериуми за рангирање биле земени грижата за околината, стратегијата за
справување со климатски промени, биодиверзитет, еколошка свесност, така што
титулата е сосема очекувана, бидејќи во 2016 Љубљана беше најзелен град во
Европа.
Словенците
можат да се пофалат со селектирање на отпадот и негово рециклирање, но и
мотивацијата за користење велосипеди и јавен превоз. Исто така, Словенија во
најголем дел веќе е гасифицирана и се користи природен гас, а со тоа се
намалува загадувањето.
  • Во Словенија
    најмалку една третина од вкупниот годишен отпад се рециклира.
  • Драстично е
    намалена емисијата на штетни гасови со воведувањето јавни велосипеди, автобуси
    на природен гас и забрана за возење автомобили во центрите на поголемите
    градови, Словенците успеале . Исто така, природниот гас се користи и за греење
    на станбените простори.
  • 60% од
    територијата на државата се покриени со шума
  • Земјата има
    40 национални паркови и резервати

 

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!