Владата ја усвои Програмата за проширена репродукција на шумите за 2018 година

Владата на вчерашната 50-та седница усвои неколку Програми по предлог
на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и
информации за распишување на јавни огласи за давање во закуп на земјоделско
земјиште во државна сопственост до 3 хектари и над 3 хектари.
За шумарите секако дека најзначајно е усвојувањето на Програмата за
проширена репродукција на шумите за 2018 година, во износ од 19.500.000,00
денари или околу 317.000 евра.
Овие средства треба да бидат наменети за пошумување на голини и
ерозивни земјишта во државна сопственост со садници, пошумување на голини и
ерозивни земјишта во приватна сопственост со садници, нега со прореди за
подобрување на квалитетот на шумскиот фонд, отстранување на последиците од
шумски пожари, заштита на шумите и шумските култури од растителни болести и
штетници.
Колку за потсетување, овие средства се четири пати поголеми од
претходната година и ќе бидат добредојдени за шумарството.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!