„Дервен“ е планинарски дом на планината Бабуна, на
височина од која има извонреден поглед кон Прилеп и неговата околина, кон
планините Мукос и Селечка. Домот е изложен долго време на сонце,
но истовремено и на ветрови кои постојано дуваат.

Ова бил исклучително убав планинарски дом, кој кон крајот на минатиот
век бил опожарен и од тогаш е надвор од функција. „Дервен“ претставувал еден од
малкуте планинарски домови на Балканот кои имаат оригинална, исклучително
цврста кружна градба од камен и бетон која и покрај претрпениот пожар опстојува
како туристичка атракција.

Местоположба
“Дервен” со својата местоположба и локација е еден од најспецифичните
планинарски домови во Македонија. Се наоѓа на планината Бабуна, близу
до стариот пат Прилеп – Велес, над планинскиот премин Присад (1098 m).

Од Прилеп е оддалечен околу 18 km. Самата планина Бабуна се
протега од Голи Рид (1455 m) на север, до превојот Плетвар (994 m) на
југоисток, во должина од 22 km. Највисок врв е Козјак (1747 m) во јужниот дел,
над превојот Плетвар.

Поради големата расчленетост на одделни ограноци, Бабуна има
различни локални имиња: Борула Планина, Мукос, Злато, Дреновска Планина и др.
До планинарскиот дом може да се дојде пеш, но и со теренско возило по
макадамскиот пат, на кој има и маркации. Патеката е интересна и атрактивна со
поглед на природните убавини на Прилепското Езеро, манастирот Св.Ѓорѓија и едно
од најголемите копови за мермер, Сивец, каде има неколку мали вештачки езерца.

Посебен восхит е погледот од планинарскиот дом кон градот Прилеп,
кон Селечка Планина и повисоките врвови на Бабуба како што се: Мал
Мукос, Маркови Кули и др. Домот има присојна (јужна) експозиција, осончан
речиси преку целиот ден, но со силни ветрови во овој гребенест дел.

Пристап до домот
Домот се наоѓа над стариот пат Велес – Прилеп, преку планината
Бабуна. Оддалечен е од Прилеп околу 20 km. Може да се дојде пеш или со
автомобил. Патот е маркиран со видни маркици. До домот може да се дојде и со
приодот од Велес кон Прилеп.

Изградба
Изградбата на домот е започната 1951 година а завршена во 1955 година,
со доброволна работа на прилепските планинари и со помош на органите на власта.
Во 1955 година предаден е на управување на Планинарското друштво –
„Козјак” од Прилеп кое заедно со Планинарскиот сојуз на СРМ и
најмногу учествувало во неговата изградба.

Граден е од цврст материјал: камен и малтер со приземје и кат. Има две
големи простории во кои се сместени околу 50 кревети. Има кујна и трпезарија
опремени со потребната опрема кои може да им служат на посетителите. Има и
помошни простории и соба за домарот на домот.

Опожарување
За жал на 01 март 1997 година, домот е опожарен и целосно
руиниран. Од тогаш, од него се останати само ѕидини и е оставен на забот на
времето, иако во изминативе години имаше неколку иницијативи за обновување.

Традиционалното искачување „Козјак ’97“ за првпат е одржано во 1997
година. Името на ова искачување „Козјак ’97“ е во спомен за планинарскиот
дом Дервен кој изгоре во март истата година. Искачувањето се организира една
недела после православниот христијански празник Дуовден (Духовден).

Сместувачки капацитети
Додека бил во функција во трпезаријата и домот по потреба можело да се
сместат околу 72 планинанри. Домот бил постојано отворен. Имало домар и
домаќинка кои се грижеле за редот и чистотата. Во домот кон крајот на 1980-тите
години имало телефон, радио и телевизор. Имало електрично осветлување,
водоводна инсталација, умивалници и бања, па слободно може да се каже дека за
тоа време нудел одлични услови за престој

Во домот можело да се добие храна, пијалак и други прехрамбени
продукти, а можело да се подготвува и сопствена храна. Околината на домот била
уредена ливада со планинска трева. Имало и бавча која ја обработувале домарите.

Гостопримливоста и добрата услуга со најразлични оброци, пристап до
радио, телевизија, осветлување, водовод и бања од страна на домарите била уште
една добра страна во рекреацијата на планинарите.

Атрактивни дестинации
Најатрактивни дестинации од домот биле:
·
највисокиот врв на планината Бабуба – Козјак (1747
m) кој е оддалечен околу 5 часа пешачење,

врвот Мал Мукос, кој е оддалечен околу 2-3 часа,

Голем Мукос, Студеница, Кадиница и манастирот
Степаница (2-3 часа пешачење),

Mанастирот “Св. Богородица – Трескавец”,
“Златоврв” (1422 m) и други.

Инаку, планината Бабуна е исклучително богата со вегетација и
жив свет како и разновидни денудациски форми: Маркови Кули, Кукол, Златоврв.
Непосредно пак до “Златоврв” (1422 m), на огранокот познат како Злато е манастирот
“Св. Богородица – Трескавец”, еден од најстарите и најубавите во нашата држава.
Името „Злато“ овој дел од планината го добил поради присуството на минерали во
карпите кои при силен сјај од Сонцето блескаат како злато.

Можни излети
·
Излет на врвовите Мал Мукос и Голем
Мукос, пешачење 2 – 3 часа од домот.
Излет на врвовите Мал Мукос и Голем
Мукос, пешачење 2 – 3 часа од домот.
·
Излет на Студеница и Кадиница и
до манастирот Степаница, пешачење 2 – 3 часа од домот.

Сепак има надеж
Во последните години се работи на изнаоѓање на солидно решение за
целосна реконструкција на планинарскиот дом „Дервен“ и повторно добивање на
неговата функционалност. Тоа ќе придонесе за враќање на
планинарството во Прилепско, за одржување и надгледување на природата, подобра
контрола на дивата сеча и криволовството.