МПЦ ОА насилно сака да им го одземе планинарскиот дом „Матка“ – на планинарите

Соопшетение од прес:
Скопје, 29. 01.2018 Федерација на планинарски спортови на Македонија
ТЕМА: МПЦ ОА НАСИЛНО САКА ДА ИМ ГО ОДЗЕМЕ ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ МАТКА – НА ПЛАНИНАРИТЕ
Во просториите на ДХО Даре Џамбаз Федерацијата на планинарски спортови на
Македонија, оддржа прес конференција на која што беа презентирани фотографии,
оригинални документи и списи на кои јасно се гледа како МПЦ ОА сака да го
одземе насилно планинарскиот дом Матка во свое владение, употребувајќи
административно – бирократски манипулации, на кои кои за жал кумуваат и државни
институции, како што се Агенцијата за Катастар и судската власт. Планинарите и
Федерацијата повеќе од 75 години го развиваат домот, кој преставува не само
планинарски, туку и спелеолошки и алпинистички центар од витално значење за
љубителите на природата и спортот. Неправадата која им се нанесува, за жал не е
санкционирана, ниту од надлежните инстанци.
– Македонската Православна Црква бараме во духот на православието, јавно
да изјави, по кој основ бараат своја соптвеност врз Планинарскиот дом? Го
добиле по пат на наследство, имаат извршено купо – продажба или го добиле на
подарок и од кого? Повеќе од 75 години Матка е дом не само на регистрираните
планинари и членки на Федерацијата, тоа е дом на сите вистински љубители на
природата, планината и спортот. Црквата до сега нема ниту едно камче ставено во
објектот, напротив сите планинари и верници се грижеа сиве овие години за
околината и самата црква Св. Андреа. Федерацијата заедно со своите над 30.000
членови нема намера до попушти под притисокот на било која институција и било
која функција. Како што сме верни на природата, остануваме верни на принципите
и на правичноста, во овој случај – истакна Председателот на ФПСМ, Проф. Др
Јовица Угриновски.
Планинарскиот дом Матка, веќе подолго време е под притисок, на нелегален
начин да стане сопственост на МПЦ ОА. За сето тоа, беа презентирани и документи
кои на чуден начин за 24 часа во Катастаорт на РМ го менуваат сопствеништото
без да се наведевуање по кој основ се прави тоа…
– Ако ова ни се случува нам, може и на секој еден граѓанин на нашата
Република. Во еден ден да добиете од Катастарот решение дека планинарскиот дом
е сопственишто на Федерацијата и на планинарите, а веќе следниот ден, по само
24 часа, истата институција да ја прогласи ПМЦ ОА за сопственик на планинарскиот дом без основ за истото. На ова може и Девид Коперфилд да им подзавиди –
реагираат од Федерацијата на неправдите!
На средбата со новинарите беше презентирана поголемата акција која ја
спроведува Федерацијата и нејзините членови за Враќање на планинарските домови
на планинарите и беа најавени нови активности со цел спречување на самоволието
на поединци и институции на сметка на љубителите на природата….
Додека траеше прес конференцијата поддршка во битката на своите
македонски колеги, пристигна од многубројни европски и светски федерации кои ги
поддржуваат македонските планинари.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!