Зимски тартуф (Tuber brumale)

Зимскиот тартуф е вистински специјалитет и е мошне ценет. Може да се најде во есен и рана зима во основата на дабови и лешници. Неговиот мирис и вкус се повеќе или помалку интензивни, но пријатни (особено неговиот вид moschatum Ferry), па затоа нормално се консумира, иако не е толку ценет како Tuber melanosporum, со кој понекогаш се меша.

 

Плодно телo: неправилно топчесто, 2-8 cm, црнокафеаво, прекриено со многубројни ниски и повеќекратни брадавици. Неговата големина обично ја надминува големината на пилешкото јајце.

Месо: отпрвин бело, потоа црникаво и на крајот црно, испреплстено е како лавиринт со бел и жилички; мирисот е посебен, но не е толку ароматичен како кај другите тартуфи, под старост може да стане непријатен.

Спори: елиптични, на површината шилести, 21-42 х 17-28 cm, темнокафеави.

Месторастење: расте до 15 cm длабоко во земја на варовничка почва, под листокапни дрвја, од ноември до март; се собира со помош на извежбани кучиња.

Употребливост: јадлива, со извонреден квалитет.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!