Од Советот за одржливо стопанисување со шумите во Република Македонија (Совен на ОСШ) информираат дека Националните тела за управување со PEFC систем за сертификација на шумите во Словенија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина започнуваат со развој на PEFC регионален систем за сертификација на шумите во кој ќе бидат вклучени и националните стандарди за одржливо стопанисување со шумите (ОСШ) по PEFC.
За таа цел Советот за одржливо стопанисување со шумите, ги поканува сите заинтересирани да земат активно учество во целиот овој процес на национално ниво. За подетални информации за учеството може да се погледнат на web stranaта https://pefc.mk/ или да исконтактираат не на pefcmk@gmail.com или на телефонскиот број +38971292004.
Советот за одржливо стопанисување со шумите во Република Македонија (Совет за ОСШ) е невладина организација (НВО) со главна цел промоција на одржливо стопанисување со шумите. Промоцијата на ОСШ ќе биде направен преку следните подцели:
- Одржување и развој на Македонската сертификациска шема за одрѓливо стопанисување со шумите според PEFC Council.
- Промоција на PEFC шемата пред релеванти стејкхолдери
- Поднесена Македонскиот шумарски национален сертификацсики систем: отворена јавна консултација
