Кинески шумски фронт

Како дел од борбата против загадувањето Кина распореди 60.000 војници
од својата армија на садење дрва низ земјата.
Најголемиот дел се од народната армија, а дел има и од полицијата, кои
се повлечени од своите позиции на северната граница на земјата со Монголија и
Русија, и прераспределени се на не-воени задачи во внатрешноста на земјата.
Војниците ќе бидат испратени во Хебеј провинцијата која го обиколува
Пекинг. Областа е озлогласена по создавање на огромни количества смог кои го
покриваат главниот град.
Проектот војници со лопати е дел од планот за пошумување на 84.000
километри квадратни со дрва до крајот на годината. Површина која отприлика е со
иста големина како Ирска (Македонија е 25,7 илјади километри квадратни).
Планот е површините под шума во Кина до 2020 да се зголемат од 21% од
вкупната територија на 23%. Според првиот човек на Кинески шуми до 2035 ова
треба да достигне 26%.
Извор: /off.net.mk/

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!