Ајдучката трева или столисник (Аchillea millefolium) — отпорна и приспособлива билка, која е позната и како столисник. Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните.
Цветот се собира за време на цветањето во Мај и Јуни, а листовите се берат до есен. Оваа билка содржи и многу танини, провитамин А, витамин К, калиум, флавоноиди, инулин и етерско масло богато со пинен, цинеол и хамазулен.
Често се наидува на оваа билка за време на прошетките по ливадите во околината на Тресонче.
Најчесто се употребува кај желудечно-цревните заболувања, при грозница, зголемен крвен притисок, како средство за сопирање на крварењето, при мозочни и срцеви тромбози.
Освен тоа, ајдучката трева се користи и како јако антибактериско средство против стафилококите, ешерикија коли, кандида и други микроорганизми.
Во народната медицина се користи за зараснување на раните и за намалување на болката. Ајдучката трева се користи во составот на горчливите чаеви, во чаевите за прочистување на организмот, чаеви за зголемено излачување на жолчна киселина, чаеви за нормализирање на метаболизмот и за чаеви за смирување. Може да се користи и за испирање на рани, за купки и облози.
Поради присуството на витамин Ц, ајдучката трева се дава при крварење и при хемороиди. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења.
Жолта Ајдучка трева (Achillea filipendulina)
Во фитотерапијата нема официјална употреба. Народот ја користи за некои заболувања, но без докажани лековити својства и ефекти.