Зошто кубен метар дрво не е исто со метар просторен?

 

Често слушаме луѓе околу нас како зборуваат за метри дрва и како не им е јасно што е разликата помеѓу кубен метар и просторен метар огревно дрво.

 

Што точно е метар?

Метар е основната SI единица за должина.

Што значи SI? Кратенката SI доаѓа од францускиот Système International d’Unités, што би значело меѓународен систем на единици. Еден метар може да се дефинира како растојание кое светлината го поминува во вакуум за 1/299,792,458-ми дел од секундата.

 

Што е кубен метар?

Кубен метар претставува единица мерка за волумен.

Најлесно е да се разбере како волумен на коцка чиј раб е долг 1 метар. Еден кубен метар е приближно еднаков на 6,29 барели нафта и е точно еднаков на 1000 литри.

Metar kuben

 

Претворање на кубни метри во просторни

Да поедноставиме, кубен метар е мерка за целосниот волумен на дрво во обла форма, без оглед на должината.

На пр. трупец со должина од 4 m и дијаметар од 30 cm има волумен од 0,28 m3 (кубни метри).

Количеството на огревно дрво најчесто од практични причини се изразува во просторни метри (prm), 1m – висина, 1m – должина и 1m – ширина.

Значи, во еден кубен метар дрво има во просек 1,3 м, или во еден просторен метар се наоѓаат во просек 0,69 кубни метри, а остатокот е воздух.

Сепак факторот на кореција , односно на претворање на просторни метри во метри кубни не е еднаков за секое огревно дрво и тој зависи од формата на облиците, па така тој се движи од 0,15 кај ситни гранки, преку 0,4 кај сеченици, 0.70 кај облици, па до 0,75 кај цепаници.

Тоа значи дека не е разликата само во квалитетот на огревното дрво, туку и на процентот на празнини, односно воздух во фигурите од 1 метар просторен. Колку се поситни облиците огревно дрво, толку поголем процент водух има во просторниот метар.

Според поранешниот ЈУС стандард, огревното дрво се изработувало во три класи:

  • 1 класа – претежно цепаници
  • 2 класа – претежно облици,
  • 3 класа – останато (сеченици, гули)

Во складовите на ЈП Македонски шуми до пред 12-ина години огревното дрво се продавало во различни класи, од кога огревно дрво се продава во една класа.

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!