Засади топола и врба и сочувај ги крајречните шуми

На 04.12.2019 година ЈП „Национални шуми“, учествуваше на пошумувањето во рамките на акцијата: „Засади топола и врба и сочувај ги крајречните шуми долж река Брегалница” која се одржа во близина на селото Софилари кај Штип, непосредно крај реката Брегалница.

Ако се има во предвид големото значење на овој тип шуми за екосистемот, оваа акција е од исклучително големо значење. Во акцијата беа засадени 1.500 садници со врба и топола со цел подобрување на крајречната вегетација, како и заштита од ерозија и поплавување на околните површини.

Posumuvanje Stip

Настанот за пошумување беше во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД), во координација со Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, и во соработка со Општината Штип, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министертвото за земјоделие, шумарство и водостопанство и ЈП „Национални шуми“.

На настанот за пошумување се обратија заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски и директорот на ЈП „Национални шуми“ Зоран Ѓорѓиев.

На акцијата за пошумување учествуваа вработени во ЈП „Национални шуми“ од ПШС Брегалница – Штип, ученици од три основни и три средни училишта од општина Штип, студенти од Факултетот за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, студенти од Природно-математичкиот факултет од Скопје, извидници од ИО „Еквинос“ од Штип, како и претставници на партнерските организации на Програмата и други заинтересирани институции.

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!