Трансформација на ЈП “Национални шуми“

 

За состојбите во шумарството, во изминатиов период многу се пишува, но за жал воглавном за лоши работи. Криминалот и корупцијата силно ја нагризуваат оваа индустриска гранка, а шумите масовно се уништуваат во сите делови од државата. Тоа негативно се одразува врз буџетот, граѓаните, вработените во шумарството и врз шумите.

Како искра надеж за шумарството и вработените во ЈП „Национални шуми“ е новиот проект финансиран од ЕУ за поддршка на реформите во политиката и законодавството во шумарството кој започна на 1 ноември 2021 година и е со времетраење од 9 месеци.

Овој процес на реформите во шумарството ќе мора да се исполни во целост, бидејќи истиот се финасира со средства од ЕУ. Во спротивно, се изложуваме на ризик да се бидеме санкционирани за злоупотреба на средсвата од ЕУ фондовите, што може да резултира со серизни последици.

Со реформите предвидено е да се изврши трансформација на ЈП „Национални шуми“, кое од неефикасно претпријатие би се трансформирало во самоодржливо претпријатие што ќе ја исполнува причината за кое е формирано.

Со тоа би се исправила една грешка стара повеќе од две децинии, а тоа е моделот на трансформација спроведен 1997/98 година.

Моделот на јавни претпријатија во шумарството како неефикасен постепено го напуштаат сите држави од регионот, па ние сме една од ретките пост-комунистички држави во кои државните шуми се стопанисувани од јавно претпријатие.

 

Формирање на ЈП „Македонски шуми“

ЈП „Македонски шуми“ е формирано со Одлука на Владата на Република Македонија на 15.12.1997 година, а започна со работа на 01.07.1998 година, како правен следбеник на дотогаш постојните 30 шумско-стопански претпријатија.

Во состав на ЈП “Македонски шуми” влегуваат 30 (триесет) подружници кои до донесувањето на Законот за шумите (Службен весник на РМ бр. 47/97), стопанисуваа со државните шуми во државата како 30 (триесет) шумско-стопански претпријатија како одвоени правни субјекти.

Значењето на малите и средни претпријатија

Подружниците кои влегуваат во составот на новот централизирано ЈП ја губат автономијата и немаат својство на правно лице, поради што во правниот промет настапуваат во име и за сметка ЈП “Македонски шуми” – Скопје.

На 24.04.2019 година јавното претпријатие го менува името во „Национални шуми“, под кое име функционира и во денешно време.

 

Нефункционален модел на јавно претпријатие

По се изгледа дека моделот на централизираното претпријатие се покажал како многу лош и нефукционален, па може да се каже дека се позначајно што се изградило и инвестирало во шумарството било напрвено до овој момент. Од моментот на формирањето на централизираното јавно претпријатие започнува постепено разградување и пропаѓање на сето она што генерации го создавале.

Согледувајќи ги недостатоците и неодржловста на моделот, со Стратегијата за шумарство од 2006 година предвидена е негова реорганизација и трансформација, но за жал и после 16 години тој процес тапка во место.

Неговото функционирање, неговото управување и деловното работење сè уште се целосно регулирани од државата. Така, цените на дрвото и на шумските услуги се поставени како максимални цени кои воопшто не се ажурираат и се многу под пазарните цени.

Претпријатието всушност функционира како социјално претпријатие, наместо како економско, што претпријатието кое е на самофинсирање постојано го бутка во пропаст. Следствено на тоа, претпријатието не може да работи според принципите на слободен пазар.

Sklad za drva

Конкретните клучни проблеми на претпријатието кои ги утврдило експерскиот тим кој работи на рефорите во шумарството се следните:

  • политички поставено управување со претпријатието, без потребните шумарски и менаџерски искуства и неспособност за извршување на таква напорна функција, особено кога се работи за реорганизација и трансформација;
  • голема прекумерна вработеност;
  • неповолна старосна, образовна и професионална структура на вработените;
  • неправилна и неурамнотежена вертикална (територијална) организација со премногу мали подружници кои немаат економска одржливост;
  • несоодветна распределба на вработените по подружници (со обем на работа по вработен во опсег од еден до три или повеќе);
  • многу ниска општа ефикасност и продуктивност во стопанисувањето со шумите (со разлики од еден до пет помеѓу подружниците);
  • целосно застарена шумска механизација и
  • лоша и недоволна шумска инфраструктура.

Поради на тоа, претпријатието е целосно не ефикасно во производна и економска смисла и работи со значителни загуби. Кризата со Ковид и со Украина дополнително ја влошуваат финансиската состојба во претпријатието, поради што условите за работа се во многу лоша состојба.

Примањата на обичните вработени во ЈП „Национални шуми“ се можеби на најниско ниво до сега.

 

Вештачки одржувано јавно претпријатие

Сепак, претпријатието успева вештачки да опстане, врз основа на книговодствено зголемување на вредноста на шумите (како вештачки приход) и финансиските инекции од државниот буџет. Сепак и покрај се, претпријатието не успева да започне да работи ренатабилно и самоодржливо. Како резултат на тоа, економијата на јавното претпријатие е во длабоки црвени бројки.

кривична пријава за злоупотреба

Ваквата политика на одржување на функционирањето на претпријатието, заснована на вештачки приходи и донации наместо да се овозможи функционирање на претпријатието на пазарни принципи (земајќи ги предвид и социјалните аспекти на соодветен начин) е прескапа за државата, не е одржлива, нема развојна компонента, негативно се одразува врз шумата, стандардот на вработените стагнира и едноставно не е прифатлива за понатака.

Од друга страна, очајната состојба на претпријатието соочено со големи долгови, нередовно плаќање на данокот, слабата ефикасност и премногу големат зависност од државна помош, го доведе во опасност да се најде во подредена улога при процесот на реформите. Едноставно, толку е зависно од државна помош, што доколку прекине таа државна помош, јавното претпријатие не ќе може да ги плаќа своите обврски и плати на вработените.

Со други зборови, ако Владата реши да го трансформира ЈП „Национални шуми“, без разлика на ставот на јавното претпријатие тоа може да го направи веднаш, со прекин на финансиската помош и доведување на претпријатието во стечај.

 

Трансформација на ЈП „Национални шуми“ во Компанија за државни шуми

 

Главниот принцип што се предлага да се имплементира за функционалната реформа е одвојување помеѓу шумската администрација или услужната функција и функцијата на економско/комерцијално управување, кои сега се интегрирани во ЈП „Национални шуми“ (ЈПНШ).

Предвидена е трансформација на ЈП „Национални шуми“ – по претходна внатрешна реорганизација и рационализација – во Нова Компанија за државни шуми (КДШ) трговско друштво со ограничена одговорност (дооел) за стопанисување со државните шуми, со компании ќерки на регионално ниво (треба да се основаат околу шест такви компании).

Компанијата треба да е со 100% државна сопственост.

Следствено, овие функции и соодветните вработени треба да се одвојат од ЈПНШ и да се префрлат во државната администрација/служба – во форма на агенција.

 

Подружниците сакаат да се самостојни

На ваквиот модел на регионализација жестоко се спротиставуваат подружниците во составот на ЈПНШ. Тие преферираат модел со кој до некаде би им се вратил статусот кој го имале пред формирањето на јавното претпријатие, односно да функционираат со посебни жиро сметки.

Иако моделот на регионализација не е лош и успешно функционира во многу држави, сепак имајќи го во предвид дека до формирањето на ЈП „Македонски шуми “ шумарството било на многу повисоко ниво, укажува дека треба сериозно да се разгледа нивната желба.

Според нив, сегашниот модел од успешните шумски стопанства направи загубари, а од работниците – неработници.

Се што е изградено и инвестирано во шумарството било направено до моментот на формирањето на централизираното јавно претпријатие (управните згради на подружниците, складовите, пиланите, расадниците, рибникот, фармата, дестиларијата и др.), а набавка на теренски возила, камиони и булдужери не бил никаков проблем.

Платите и условите за работа во некои шумски стопанства биле толку високи, што било привилегија да се работи во шумарството.

Навистина е несватливо како и после речиси четврт век од фирмирањето на ЈП „Македонски шуми“, односно „Национални шуми“, претпријатието се уште не смогна сили да обезбеди сопствени простории за Дирекцијата. Тоа е четврт век кираџија и само од кириите кои ги исплаќаше, до сега ќе исплатеше кредит за сопствен репрезентативен објект.

Direkcija Nacionalni sumi

 

Активности кои ќе ги извршува компанијата

Со реформите во шумарството и со трансформација на ЈП „Национални шуми“ предвидено е компанијата (друштвото) посебно да ги извршува следните активности:

  • стопанисување со шумите во државна сопственост и тоа за стопанска и заштитна намена како и со шуми во заштитени подрачја кои се надвор од националните паркови;
  • продажба на дрво и дрвни сортименти;
  • реонско чување на државните шуми со кои стопанисува и имотот во сопственост на ДКШ;
  • производство и продажба на семенски и саден материјал;
  • стопанисување со ловишта во согласност со закон;
  • преработка и продажба на недрвни шумски производи;
  • управување со заштитените подрачја во кои доминираат шумите во согласност со закон.

Компанијата оптимално треба да има децентрализирана форма, т.е. со компании ќерки (како нивна мајка компанија или холдинг) на регионално ниво, врз основа на соодветно, претходно спојување на сегашните единици во состав на ЈПНШ.

Финалната одлука за вертикалната структура и статус на компанијата треба да се донесе со Законот за формирање на компанијата, на основа на претходно изработена физибилити студија и стратешки план.

 

Намалување на бројот на вработени

Со предложената организациска реформа во смисла на број на вработени и барања од државниот буџет, за олеснување на ЈПНШ во смисол на број на вработени и трошоци предвидено е одреден број на вработени од ЈПНШ да преминат во Агенцијата за шуми.

Shumari

Трансферот на предвидените 120 вработени од ЈПНШ во Агенцијата за шуми, меѓу другото ќе значи и кадровско и финансиско олеснување за претпријатието.

Покрај тоа, ќе треба да се усвои обемна социјална програма за решавање, вклучувајќи прераспоредување и преквалификација на одреден број вработени во ЈПНШ кои ќе се утврди дека се вишок, на основа на обезбедени финансиски средства за нејзино спроведување.

 

Временска рамка

Трансформацијата на ЈП „Национални шуми“ предвидено е да се одвива во три етапи и да се заврши во јуни 2024 година.

За се добие на време, најпрво пожелно е да се изврши процес на внатрешна реорганизација и рационализација на јавното претпријатие. Поради тоа што реализацијата на овој процес не зависи од промената на Законот за шуми, тој може да започне веднаш. Доколку тоа не го стори јавното претпријатие, ќе се доведе во ситуација некој однадвор да ја изаврши таа работа, а тоа секако дека не би било најидеално за вработените.

Потоа треба да се изработи стратешки план со економска физибилити студија за предвиденото функционирање на КДШ. Согласно планот, ова е предвидено да заврши до декември 2023 година.

На крај треба да се донесе посебен Закон за КДШ и до јуни 2024 година да се изврши трансформација на ЈП „Национални шуми“.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!