Работилница за заштита на шумски биодиверзитет

 

На 03.04.2024 во хотел Тимс во Скопје се одржа работилница за заштита на шумски биодиверзитет. Работилницата беше во организација на тимот на проектот „Поддршка на реформите во шумарството во С. Македонија – NEAR/SKP/2022/EA-RP/0036, финансиран од ЕУ.

На работилницата присуствуваа претставници од МЗШВ, МЖСПП, Шумарскиот факултет “Ханс Ем” од Скопје, ЈП „Национални шуми“, НП „Шар Планина“, здружение на сопственици на приватни шуми и др. Радува заинтересираноста и активноста на институциите и здруженијата за целиот процес на Натура 2000, бидејќи тоа е сериозна и одговорна работа од која може да произлезат голем број на предизвици. На вакви работилници може да се дојде до интересни информации, за ние како држава подобро да се подготвиме за процесот и да не избрзуваме со заклучоци.

Работилницата имаше за цел да претстави концепти и критериуми за заштита на биодиверзитетот во шумските хабитати во согласност со Натура 2000. На работилницата се презентираа концептите и критериумите за заштита на биодиверзитетот на шумите, потоа се посочија потенцијалните површини од интерес за Натура 2000 и на крај се презентираше листата на шумски хабитати по Натура 2000.

За поздравување е ангажманот на експертскиот тим од Европската унија, бидејќи искрено сакаат да ги споделат нивните позитивни, но и негативни искуства. Голема предност може да биде учеството на експерт од соседна Бугарија, бидејќи многу сме слични по природни, антропогени и културолошки услови, така што нивните искуства може многу да ни помогнат да не ги правиме истите грешки.

На почетокот на работилницата свое излагање имаше Миглена Жијански, проектен лидер, која изврши Презентација на концепти и критериуми за заштита на биодиверзитетот на шумите.

Потоа Богољуб Стеријовски од Македонското еколошко друштво (Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и ЦИТЕС) ги презентираше шумските хабитати по Натура 2000 и ги посочи потенцијалните површини од интерес за Натура 2000. Тука вреди да се напомене дека оваа невладина организација е многу навлезена во проектите финансирана од ЕУ и добро се справува со предизвиците. Во неа се ангажирани разни експерти од соодветни области и доста совесно и стручно си ја вршат работата.

Како последен презентер беше клучнио експерт 2 од проектот „Поддршка на реформите во шумарството во С. Македонија“ Емануел Цирос, кој накратко ја презентираше листата на шумски хабитати по Натура 2000.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!