Проектот „Зелена Сончева“ со подршка од интитуциите

 

Проектот „Зелена Сончева“ чии креатори се Гордана и Ханес, денеска официјално ја доби поддршката од  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансто и ЈП „Национални шуми“ со потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу нив и „Мен енд Маунтен“.

Според МЗШВ овој меморандум има за цел поттикнување на зачувувањето на животната средина преку унапредување на шумскиот фонд на територијата на РС Македонија, со силна заложба за зајакнување на граѓанскиот активизам и подигање на свеста на граѓаните околу важноста на шумите и нивната улога во синџирот на природните процеси. Борбата со климатските промени, недостатокот на вода, обезбедувањето на чист воздух и чиста животна средина е заеднички приоритет на човештвото во целост. Затоа ваквите проекти како што е „Зелена Сончева“ секогаш ќе бидат поддржани од министерството, изјавија од МЗШВ.

Во рамките на проектот предивидено е да се изврши есенско садење на садници, во кое ќе се вклучат МЗШВ и ЈП „Национални шуми“. Еден ден тие садници ќе израснат во нова шума, со која сите ќе се гордеат.

 

Цели на проектот „Зелена сончева“

Гордана Софија заедно со Ханес Јаецкл продуцент од Австрија се основачи на австриско-македонската компанија „Мен енд Маунтен“. Тие согледувајќи дека нашата држава сериозно страда од диви депонии за отпад и недостаток на доследно управување со отпадот, го создадоа проектот„Зелена сончева“ за кој велат дека ова е единствената акција каде се вклучени сите слоеви на општеството, без разлика на политичка, религиска, родова, возрасна и национална припадност. Целта на проектот е да ја исчистат нашата непосредна околина, преку: собирање на отпадот од минатото и рециклирање во зелена иднина за нас и за идните генерации.

Зелена сончева

ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА е проект составен од два дела. Првиот е ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – настан за собирање и селекција на отпад секој втор викенд од мај што ќе трае 10 години – од 2021 до 2031 година, а вториот е СОНЧЕВА ГОРА – пошумување.

Во првата година во акциите на проектот веќе биле вклучени повеќе од 1.000 волонтери во 10 општини кои собрале 175.000 килограми отпад во рок од три дена. Во 2022 година во проектните активности ќе бидат вклучени 26 општини и се очекува повеќе од 6.000 волонтери. Планот е до 2024 година да бидат опфатане сите 82 општини во земјава да учествуваат на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД.

За проектните активности веќе имаат барање за околу 20.000 дрвја кои итно им се потребни на општините, за да ги обезбедат нивните водни ресурси и да го подобрат квалитетот на воздухот, особено во зимските периоди.

Зелените острови кои врз основа на донации се засадуваат заедно со општините се викаат СОНЧЕВА ГОРА.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!