Пошумувањата во Македонија во минатото

Македонија има долга традиција во пошумувањето на голини и ерозивни подрачја. Податоци за пошумувањата пред II светска војна се нецелосни, но се претпоставува дека најстарата борова култура се наоѓа во Кичевско е од 30-те години на минатиот век. Во овој период 1960-2013 се пошумени повеќе од 200.000 ха. Пошумувањата се вршени и на екстремно тешки терени, на пример околу Криволак или на некои тешки камењари и многу стрмни терени.

Успешноста за перидоот 1971-90 е различна според проценки е околу 65-70%, но се додека не се направи точна инвентаризација на шумите нема со сигурност да се знаеме точната вредност.

Posumuva

Графички приказ на пошумувањата за период од 1960-2013 година

 

Колку пари толку пошумување

За да се спроведе пошумување, освен добра воља потребни се одредени финансиски средства. Огромните зафати за пошумувања и високиот степен на успешност немало да биде возможен без стабилна финансиска констрикција.  За таа цел во перидот од 1971-1990 постоел т.н “Фонд за пошумување на голини”.

Пошумувања во Македонија

Пошумувањето во тој период се изведува преку општините, а скоро сите тогашни општини имале и шумско стопанство. Тука треба да се појасни дека организацијата на шумарството во тој период била поразлична од денешната, па наместо централизирано шумарско претпријатие, шумските стопанства биле во надлежност на општините.

При тоа фондот обезбедувал 80% од средствата, а општината партиципиралa со 20%. Пошумувањата се вршено стручно и со техничко раководење од иженерите и техничарите од шумските стопанства.

 

Општините повторно пошумувале на свој трошок

 

Три години после пошумувањето е вршена т.н. Колаудација или технички прием, при што стручни лица од тогашниот Завод за уредување на шуми “Шума проект” излегувале на терен премерувале, картирале и ја оценувале успешноста.

Врз основа на колаудацијата, доколку се докажело дека е неоправдано пошумена помала површина или дека успешноста е мала, биле задолжувани општините на свој трошок повторно да пошумат, но тоа било редок случај.

Некаде пошумувањата поради разни причинии било и делумно успешно (пред се екстермни услови на теренот, некоја природна непогода или садниците биле уништени од животни) но ако имало објективни причини се прифаќало оправдувањето.

Огромни површини пошумени

 

Во тој период се пошумени околу 100.000 ха голини (просечно 5.000 ха годишно) при што екстремите се постигнати во периодот 1978 – 1983, а во 1982 се пошумени неверојатни 11.328 ха.

Пошумувања во Македонија

Густината на пошумување зависела пред се од дрвниот вид и теренските услови, но и други параметри. На почетокот се саделе поголем број на садници на хектар, но покасно се пошумувало со помал број на садници на хектар.

Така на пример, на почетокот на одредени локации се садело дури и со 10.000 садници/ха, но обично било околу 3.500, а таа количина е намалена подоцна во зависност од дрвниот вид (пример кај бор 1.500 – 2.500 садници/ха).

 

Успешно намалена ерозијата

 

Со сите овие активности значително е намалена и ерозијата на земјиштето која во минатото правела огромни штети, а благодарејќи на овие пошумувања е минимизирана на тие локации.

За жал има уште многу голини каде ерозивните процеси се многу силни кои треба да се озеленат во иднина, па зеeдно со другите противерзоивни мерки пред се технички објекти да се намали што е можно пробелмот со ерозијата.

Пошумувања во Македонија

Поучени од успешните примери од минатото, државата сериозно треба да размисли за повторно оформување на некаков фонд за пошумување на голините и санирање на ерозивни подрачја. Не недостасува стручност во државата, но финансиите се серозна пречка за масовни и успешни акции за пошумување на голини и санирање на ерозивни подрачја.

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!