Мувла на Јадливите Печурки

 

Во последно време природата богато не наградува со своите подароци – печурките за јадење. Оваа година особено е богата со вргањи, кои се сретнуваат насекаде низ планините. Нив ги собираат голем број на вљубеници во природата, планинари и ловци кои ги користат како вкусен додаток на дивото месо при готвење.

 

Мувла на Јадливите Печурки

Но сепак треба да е посвети внимание на една скриена опасност која демнее од нив. Во оваа прилика сакаме да ве предупредиме на една опасност кај печурките, а тоа е мувлата на печурките за јадење, која и најквалитетните јадливи печурки може да ги направи опасни по здравјето на луѓето. Бројни примероци се почесто се среќаваат во многу групи на печурки (најчесто вргањи, но и други вкусни јадливи печурки).

Мувла на Јадливите Печурки

 

Печурки со мувла не собирајте

Секоја форма на мувла се смета за отровна и јадливите габи кои се конзумираат, а се заразени со некоја од мувлите (има преку 100.000 видови мувла!), може да претставува ризик по здравјето и да доведе до негово загрозување. Посебна претпазливост треба да се посвети на златната мувла (мувли од групата Syncephalastrum rasemosum, Hypomyces chrysospermus, Hypomyces chlorinigenus, Hypomyces microspermus, Penicillium expansum, Aspergillus niger…), а некои од нив најчесто го напаѓаат фамилијата на вргањи (Boletocea), како и некои видови од родовите на вргањите (Xerocomus, Xerocomellus, Hortiboletus, Rheobarbariboletus).

Зелените мувли (Hypomyces viridis) најчесто ги напаѓаат млечките (Lactarius), гулапки (Russula), поретко родот Amanita помеѓу кои бисерката (Amanita rubescens). Мувлата Hypomyces lateritius најчесто ја напаѓа групата рујници од родот Lactarius, како и габите од родот гулапки (Russula).

Мувла на Јадливите Печурки

Затоа при собирање на печурките треба да се внимава на мувлите и не треба да се занемари дека и тие повеќе се развиваат во периодот на растење на печурките, кој е погоден и за габите и за мувлите.

Ако забележите дека јадливата печурка е макар и само делумно мувлосана, оставете ја во шумата или во некое друго станиште. Мувла се проширува низ целата габа, дури и ако не е видлива со голо око. Некои видови мувла произведуваат генетски токсични материи кои можат да бидат канцерогени.

 

Mувла во домовите е опасна

Запомнете, ако има мувла на ѕидовите во куќите и становите каде што живеете, одредени типови на овие мувли можат да бидат особено агресивни и дефинитивно треба да се отстранат од овие области. Со вдишување на одредени видови мувла, тие преку белите дробови можат да стигнат до други органи и да ги нападнат, што е особено опасно кај луѓето со сериозно ослабен имунолошки систем.

Агресивни се и мувлите кои се појавуваат (особено во летните месеци) на храната, затоа не користете, на пример, мувлосан леб или друг вид мувлосана храна. Во никој случај не ја потценувајте мувлата во однос на нејзината опасност!

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!