11 Јуни Меѓународен Ден на Рисот

 

Балкански рис (науч. Lynx lynx balcanicus) — подвид на евроазискиот рис. Тој се смета за најголема мачка на континентот. Балканскиот рис е еден од нашите национални симболи и се наоѓа на монетата од пет денари.

Ј.У.Н.П „Маврово“ може да се пофали со убедливо најголема бројка на единки на Балканскиот рис на својата територија. Во соработка со МЕД/MES, на просторот на Ј.У.Н.П „Маврово“ веќе неколку години се вршат многу научни истражувања преку кои се добиваат многу битни информации за рисот, од кои постојано се учат нови работи и се надградуваат сознанијата за ова многу интересно и преубаво животно.

Рис Маврово

11 јуни е Меѓународниот ден на рисот и оваа година беше праславивен токму во неговиот дом, неговото јадрово подрачје, Националниот парк „Маврово“. На гости на Ј.У.Н.П „Маврово“ беа дечиња од 6-то одделение од О.У. Кочо Рацин – Куманово. Учениците беа пречекани од директорот на паркот и вработените. На задоволство на учениците им беше организирана и едукативната прошетка низ сафари паркот Бунец и Детската патека кои ја водеа вработените во НП Маврово и активисти од МЕД – Македонско Еколошко Друштво.

Рис Маврово Рис Маврово

Гостите од Кумановското училиште „Кочо Рацин“ имаа прилика на еден забавен и интерактивен начин да научат многу за екологијата на балканскиот рис, неговата животна средина, начин на исхрана и со активностите за неговото зачувување. Учениците имаат и шанса да разберат која е нивната сегашна и потенцијална улога во зачувавањето на рисот и на природата.

Рис Маврово Рис Маврово

Се надеваме дека помеѓу мотивираните и интелегентни ученици кои имаа убава можност да ги прошират своите знаења за оваа прекрасно и ретко диво животно се идните еколози, ренџери, едукатори, политичари и останати активни граѓани кои ќе го чуваат и ќе ги подобруваат условите за опстанок на балканскиот рис во неговиот единствен дом.

Рис Маврово

Да ни е вечен рисот!

 

About Post Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »
error: Content is protected !!